Арсовска обвини дека Перински вработил 100 партиски војници во „Водовод“, СУТКОЗ бара да запрат отказите


Фото: Б. Грданоски

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска рече дека претходниот в.д. директор на „Водовод и канализација3, Златко перински, враболит 100 партиски војници во претпријатието, но до СУТКОЗ при ССМ бараат да сопрат отказите и незаконските прераспоредувања.

– Директоерот на „Водовод“ си вработил над 100 луѓе, над 100 партиски војници си вработилдиректорот на „Водовод“. Тој бил должен да не известува. Ние тој податок го добивме преку медиумите. Не го добивме додека не им најавивме ревизија на овие вработувања, затоа што имавме индиции дека има луѓе кои не се појавуваат на своите работни места, а земаат плата – рече Арсовска.

Прашана дали во Градот таа не вработила партиски војници, Арсовска вели дека сите вработувања се направени по испразнето работно место, односно или некој си заминал или отишол во пензија.

Марјан Митовски – Директор на „Водовод и канализација“ (Фото: Б. Богдановска)

СУТКОЗ при ССМ бара од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да ја преиспита одлуката на в.д директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за прекин на договорите за вработување на преку 100 вработени во услови на светска економска и енергетска криза и неизвесност на глобално ниво и да не дозволи да останат на улица преку 100 фамилии на наши колешки и колеги работници.

Исто така СУТКОЗ при ССМ како репрезентативен синдикат за комунални дејности остро се спротиставува на незаконските прераспоредувања на работниците во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје со задолженија и наредби што е едностран акт на директорот и е недозволиво знаејќи дека на нивно место, исто така, се назначуваат други работници со задолженија и наредби. Овие решенија / задолженија не нудат никаква правна сигурност на работниците и прават сомеж дека директорот прави реваншизам на вработените од само за него познати причини.

– СУТКОЗ и ССМ секогаш се залагаат и се борат договорите и решенијата за прераспоредување да бидат законски со двостран акт – договори за вработување помеѓу работниците и работодавачите и затоа бараме итна средба со в.д директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје како и со градоначалничката на Град Скопје за да спречиме дополнителни штети кон работниците во оваа светска,економска и енергетска криза и неизвесност! – велат од таму.