Арсовска нападна со вештачка интелигенција: Мицкоски „судија“, партиите менуваат “дресови“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска објави нова фотографија генерирана со вештачка интелигенција. Овој пат на неа можат да се забележат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Изет Меџити, лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, лидерот на СДСМ, Венко Филипче и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Според објавата, Мицкоски е облечен како фудбаски судија, а останатите функционери и претседатели на партии разменуваат „партиски дресови“. Покрај фотографијата, Арсовска испрати порака до партиите.
Единствен осуден од ДУИ излезе дека е Стевчо Јакимовски.
Овие во Чаир 225 милиона евра испрале, во моментов ставаат темели на нови 50 згради без дозвола и без платени комуналии, за нив МВР и Обвинителство се на одмор, па ќе одат на боледување, па ќе чекаат да заборавите. Крадат вода, крадат струја, а вие побрзајте платете си ги сметките на време, истакна градоначалничката.