Арсовска на гости кај Станивуковиќ, ќе се збратимуваат Скопје и Бања Лука


На покана на градоначалникот на Бања Лукa, Драшко Станивуковиќ, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес се одржа официјална работна средба на која се разговараше на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка.

Градот Бања Лука е економски, политички и културен центар на Република Српска, и постои огромен потенцијал за развој на трговската размена и економијата, за што Скопје и Бања Лука покренаа иницијатива за збратимување на двата града. Воедно, се договори соодветна динамика што води кон конкретна соработка за имплементација на проекти кои се од взаемен интерес на двата града, во областа на културата, образованието, спортот, туризмот, економијата и животната средина.