Арсовска: Ќе фрштат казни, со илјадници евра, ако се фрла оптад на диви депонии


ОКолу 30 депонии во околината на Скопје се исчистени, а целта е во наредниот период да се исчистат 120, колку што детектирала градоначалничката Данела Арсовска.

Таа, во „Само интервју“ на Канал 5, вечерва, рече дека депониите кои се исчистени во моментов се оградуваат, со физичка ограда, за да не може повторно да се фрла на истото место и пак да се формираат депонии.

– Ќе фрштат казни, со илјадници евра, за сте оние кои одлагаат отпад на места кои не се предвидени за тоа. Нема да има селексција, казната ќе важи за сите – рече Арсовска.

Таа додаде дека Градот Скопје има дрон и токму тој ќе се користи за откривање депонии, но граѓани кои фрлаат отпад каде што не му е местото.