Арсовска им подготвува казни на фрлачите на смет на „Пластичарска“


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, објави дека изречени се пет казни на физички лица за формирање на дива депонија. Исто така таа посочи дека и на булeварот Никола Карев се изречени казни и дополни дека организирана група од други градови истура огромна количина смет во Скопје. На снимката што ја објави Арсовска се гледа како лице од комбе со таблички од Струмица исфрла голема количина на смет покрај контејнерите во Скопје.

„Во текот на денешниот ден на улица Јуриј Гагарин кај Македонска куќа изречени се пет казни на физички лица за непрописно одлагање отпад и формирање дива депонија.

Исто така на булевар Никола Карев на локација позната како пластичарска улица, во акција опфатени се 8 правни лица на кои им се издадени задолженија кои, ако не ги исполнат во рок, се соочуваат со глоба од 9.000 до 60.000 евра.Во истиот период исчистени се критичните точки во градот каде од организирана група лица од други градови се истура огромна количина на смет“, напиша Арсовска.