Арсовска добива 6 милиони евра од Владата за да го направи Качанички пат
Владата на Република Македонија ќе му даде финансиска поддршка на Град Скопје за изградба на „Качанички пат“, информира првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Груби преку неговиот профил на Фејсбук објави дека Владата веќе доделила три милиони евра, од вкупната вредност од шест милиони евра.