Арсовска до Ѓорѓиевски: Ако сакаш градот да биде почист јави се на партиската другарка Спировска


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска (Фото: Б. Грданоски)

По повод новите турбуленции со јавните претпријатија во главниот град, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави дека Комунална хигиена Скопје ја управува четири години претседателка на Управен одбор од ВМРО-ДПМНЕ – осудена правосилно за две тешки кривични дела.

-На Орце Самка Ѓорѓиевски пренесете му да не прави нарачки. Ако сакал градот да е почист доволно е да и се јави на нивнава партиска другарка Јулијана Спировска , таман сега немаше да мора да се бори со демони, истакна Арсовска.

Таа објави фотографија од казнена евиденција на Спировска, за која вели дека „со кривично досие за ХАОСОТ што го предизвикува во Комунална хигиена ќе биде наградена со советничко место во општина Бутел“.
 

-Браво за ДИК кои дерогираат закон со правилник и осудени лица со нивен амин ќе ви ги водат општините по избори пак.Четири години 500 членови во уите Управни, надзорни и училишни одбори на скопските јавни претпријатија и установи ви ги управуваат ВМРО и ВЛЕН. Обратете се кај нив за хигиената во градот. Вработените во претпријатието и метачите со сите сили макотрпно работат и се борат со партиските демони на суетни самобендисани политичари, обвини Арсовска.