Арсовска бара да се уапси Ганиу за дивоградбите


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска напиша фејсбук статус со инструкции кои се чекорите за да се реши проблемот со дивоградбите во Чаир:

Таман работа господине Меџити јас да не давам решение за вие да си продолжите со криминалов.

1. Итно апсење на Висар Ганиу за зллосторничко здружување, фалсификување јавни исправи, перење пари, злоупотреба на службена должност и за загрозување на животот и безбедноста на чаирчани.

2. Прекин на -нови згради дивоградби кои ВО МОМЕНТОВ ГИ ГРАДИТЕ во Чаир, без проект, без дозвола, без да платите комуналии каде крадете вода и струја, А ЛАЖЕТЕ ДЕКА СЕ ГРАДЕНИ ВО 2010 година.

3. Да се изготви регистар на згради кои ќе се испитаат сеизмички, а измамените од вашите небезбедни облакодери дивоградби Владата да ги обештети за мирно да спијат во нов безбеден дом (ако можеше да се даде за Арачиново, може и за Чаир).

4. Да почне во Чаир да ви функционира градежниот инспекторат на терен, а ако не смее, тогаш Министерство за транспорт да ви ги одземе ингеренциите и Државниот градежен инспекторат да ви врши надзор, предлага Арсовска.