Арсенал го победи Манчестер јунајтед во дербито на првото коло од Премиер лигата


Арсенал го победи Манчестер јунајтед попладнево на гости во првото коло од Премиер лигата со 1:0.

Победничкиот гол го постигна дефанзивецот на „топџиите“, Рикардо Калафиори. Италијанецот постигна гол по корнер во 13. минута.

Во следното коло лондонци ќе бидат домаќини на Лидс на домашен терен. Натпреварот ќе се одржи на 23 август.

Манчестер Јунајтед ќе игра против Фулам на гости на 24 август.