Армијата и НАТО-партнерите ја почнуваат вежбата „Одлучен удар“
„Одлучен удар“ е најголемата вежба која досега се одржала во нашата земјава.
Армијата на Севрна Македонија и војската на САД ќе учествуваат со по 1.300 војници, Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници. Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјални операции на партнерските земји.
Со свое обраќање, вежбата ќе ја отвори заменик министерот за одбрана, Беким Максути, а најавено е присуство и на заменик министерот на Литванија, Витаутас Умбрасас, вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Микаела Швајцер-Блум, командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор, Павле Арсоски, како и претставници на одбранбено дипломатскиот кор од земјите кои учествуваат на вежбата во Република Северна Македонија.
Фото: Б. Грданоски