Арифи во Тетово, Мерко во Струга, Бејта во Гостивар… ДУИ објави 17 кандидати за градоначалници


Демократската унија за интеграција денеска на седница на партискиот Централен одбор што е одржа во Гостивар, ги утврди имињата на 17 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Лидерот на партијата Али Ахмети направил преглед на актуелните политички случувања во земјата и регионот нагласувајќи дека ДУИ на локалните избори ќе ја следи политиката за уште поголема грижа за животната средина, редовно одржување на патната инфраструктура, регулирана водоводна и канализациона мрежа, модерна спортско-рекреативна инфраструктура, добро одржувани училишта и редовно реновирани.

Од презентираните имиња за кандидати за градоначалници, кои биле на предлог на Ахмети, очигледно е дека партијата ќе се потпира на проверени кадри. 

Еве ја усвоената листа на кандидати за градоначалници на ДУИ:

Тетово – Теута Арифи

Кичево – Фатмир Дехари

Гостивар – Невзат Бејта

Сарај – Блерим Беџети

Чаир – Висар Ганиу 

Струга – Рамиз Мерко 

Студеничани – Ејуп Абази 

Чашка – Суат Шаќири

Дебар – Хекуран Дука 

Липково – Еркан Арифи 

Врапчиште – Неби Реџепи 

Желино – Фатмир Изаири

Боговиње – Бесник Емшиу

Теарце – Нухи Незири 

Пласница – Али Јаоски 

Брвеница – Аркин Јахии

Арачиново – Ридван Ибрахими 

Кандидатот за општина Долнени лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе го одреди наредните денови.

Носител на листата на советници на град Скопје ќе биде Ардијан Муча.

„Централниот одбор на партијата едноглано ја прифати листата предложена од претседателот Ахмети којашто произлезе како резултат на бројни испитувања на јавното мислење и контакт со граѓаните“, изјави портпаролот на партијата Бујар Османи.