Археолошкиот музеј сите средства од билетите од оваа недела ќе ги донира за погодените семејства во Кочани


Археолошкиот музеј со сочувство и солидарност за настраданите во трагичната несреќа во Кочани.

И покрај тоа што државата ги покрива трошоците за лекување на повредените,

средствата од сите продадени влезници оваа недела ќе бидат донирани за поддршка на погодените семејства.

Со ова сакаме да ја поттикнеме и пошироката заедница да се вклучи и помогне. Секој придонес е значаен!