„Ардиан“ го презема „Акуо“, главен играч во обновливите извори на енергија

„Ардиан“, една од водечките светски компании со приватен капитал, објави дека е постигнат договор за преземање на „Акуо“, водечката компанија во производството на енергија специјализирана за обновливите извори на енергија.
Основана во 2007 година и поддржана од ICG (Глобален алтернативен менаџер на капитал) од 2022 година, компанијата „Акуо“ стана главен играч во производството на обновлива енергија. Специјализирана за производство на енергија од ветер, фотоволтаици и батериски системи, „Акуо“ е присутна на десетина клучни пазари во Европа и на двата американски континенти. Компанијата е насочена кон развивање на локални извори на енергија коишто придонесуваат кон целите за декарбонизација и енергетска независност.
Како резултат на иновациите капацитетот за производство и складирање на „Акуо“ се очекува да достигне 1,9 Гигавати до крајот на 2024 година, со цел да достигне 5 Гигавати до 2030 година. Овој раст е поддржан од обемното портфолио на проекти во развој.
„Ардиан“ ќе ја искористи својата експертиза во секторот за обновлива енергија за да го поддржи „Акуо“ во следната фаза на раст. Освен што ќе ги искористи цврстите основи на компанијата за да ги следи амбициите за раст, „Ардиан“ ќе го обезбеди и потребниот финансиски капацитет за имплементација на бројните проекти на „Акуо“ за обновлива енергија.
„Горди сме што можеме да го поддржиме ‘Акуо’ во следната фаза од неговиот развој. Оваа трансакција ја одразува нашата посветеност за поддршка на платформите за претприемничка инфраструктура со висок потенцијал на нивното патување кон индустријализација и раст како дел од енергетската транзиција“, изјавија од „Ардиан“.
За Беноа Гајлошет, кодиректор за инфраструктура во Европа, „Ардиан“ „оваа аквизиција е одлична можност за ‘Акуо’, која со ‘Ардиан’ како долгорочен партнер ќе може да ја поддржи следна фаза на раст. Тоа ќе му овозможи на ‘Акуо’ не само да го насочи својот бизнис и да го прошири своето меѓународно присуство, туку и побрзо да ги следи иновациите, за да одговори на утрешните енергетски предизвици“.
„Би сакал да ја изразам мојата гордост и благодарност до сите вработени кои помогнаа да се изгради она што стана ‘Акуо’: група со таков квалитет е плод на работата на мажите и на жените кои го здружија најдоброто од себе“, изјави Гајлошет.
Ерик Ското, коосновач на „Акуо“ изјави дека се задоволни што придонеле за успехот на „Акуо“. „’Акуо’ ја покажа својата пионерска позиција во развојот на обновливите извори на енергија. Убедени сме дека ‘Ардијан’ ќе ги обезбеди потребните ресурси за дополнително зајакнување на позициите на компанијата и за забрзување на нејзиниот раст“, смета Ското.
„’Ардиан’ инвестира во обновливите извори на енергија од 2007 година, позиционирајќи се како пионер во енергетската транзиција. Преку инфраструктурните фондови на ‘Ардиан’, тимот веќе управува со над 8 гигавати топлински и обновливи енергетски капацитет во Европа и Америка и управува со повеќе од 35 милијарди долари. Трансакцијата останува предмет на процесот на правни информации и консултации со релевантните претставнички тела на вработените и со овластување од релевантните регулаторни органи“, изјави Пенелопа Дич, Управен директор, Стратегија за инфраструктура на ICG.