Арда Мустафаоглу, млад виртуоз на пијано, со само 18 години блеска високо на ѕвезденото небо

На сцената во салата „Бели Мугри“ во Велес на 17 март солистички концерт одржа младиот виртуоз на пијано Арда Мустафаоглу од Скопје. Концертот поради пандемијата со Ковид беше со ограничена публика, а која беше воодушевена од маестралната изведба на 18,5 годишниот Арда Мустафаоглу, а кој од изминатата есен е студент на Конзерваториумот во Хамбург во Германија каде ментор му е врвната пијанистка и професор Ана Виницкаја. По овој прв концерт Арда на 24 март одржа и солистички концерт во Македонската филхармонија во Скопје, исто така, со малубројна публика, а поради Ковид-пандемијата се емитуваше во живо на youtube каналот.
Овој концерт претходно само во мал дел бил изведен пред неговите колеги во Хамбург, а во целост во Велес, а потоа и во Скопје.
Младиот пијанист Мустафаоглу кој вторпат настапи во Велес по пауза од две години и четири месеци на програмата настапи со „Последната соната“ од Хајдн, „5 Скарлатиеви сонати“,,Алегро“„ од Шуман и Рапсодии“ од Брамс, а по долгиот и силен аплауз од публиката на бис настапи со „Рапсодии Тајминг“.
Концертот во Велес го организираше ОМУ „Стефан Гајдов“ и проф. по пијано м-р Илија Настовски кој во разговорот за МИА, младиот пијанист кој го познава од најрана возраст и го прати неговиот творечки музички раст и развој, Арда Мустафаоглу го оценува како поет на пијаното.
-Секој тон во композициите е префинет и отсвирен со посебен жанр.Професионалниот пристап кон делата e претставен до совршенство со префинето педализирање својствено на стилот и карактерот на композициите.Арда успеа да ни претстави две слики преку изведбата на стара класика до доцен романтизам, Чембалскиот призвук на „Скарлатиевите сонати“ прозвучи во префинет израз на пијаното со користење одлична прстна техника и доза на специфична педализација.Ретко кој пијанист го користи средниот педал на клавирот, а таа одлика е на младиот виртуоз на пијаното Арда .Палетата на бои во делата на врвните композитори Роберт Шуман и Јоханес Брамс беше совршено комбинирана од вештите прсти на младиот Арда,а кој веќе се издигна и силно блеска на ѕвезденото небо, потенцира проф. м-р Настовски.
Проф м-р по пијано Светлана Ташева за Арда вели дека е прекрасно дете, а со само 18,5 години веќе созреан во виртуозен уметник и голем човек.
-Неговиот музички развој веќе е на завидно ниво, а за овој концерт во Велес давам највисоки оценки и во технички спремност и како емотивно и стилско доживување.Арда е веќе една целосно комплетна личност и комплетен уметник, оценува проф Ташева.
Проф Ташева смета дека токму концертите се место каде што музичарот може и треба да ја искаже огромната и напорна работа што секојдневно ја посветува на инструментот, но оти во овие моменти во услови на пандемија ги оневозможува уметниците да ја искажат својата музика на коцерти.
-Посакувам и тука на овие наши македонски простори да има таква можност за вакви концерт на класична музика и повеќе посетеност. Навистина заслужува да се слушне концерт на Арда, и на другите млади музичари и тоа пред преполна публика.Нашите млади талентирани и веќе врвни музичари тоа го заслужуваат заради нивната упорна и макотрпна работа,потенцира проф Ташева.
Арда Мустафаоглу е добитник на бројни награди на интернационални натпревари во земјава, но и во Турција, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Белгија, Италија и Германија. Меѓу другите во 2018 година ја има добиено и 13-тто Ноемвриската награда на Град Скопје за посебен придонес на градот Скопје во светот.
Тој имал бројни рецитали и настапи во Германија, Италија, Турција, Франција, Бугарија, Србија и повеќе градови во земјава.
Колку се подготвуваше за ваков концерт?
-Оваа програма за мене беше голем предизвик,која ја започнав од мојот зимски распуст во Хамбург по првиот семестар во декември,а за да можам доволно да ги совладам сите делови и успешно да се претставам. Првпат имам вака тешки дела, а оваа програма за мене беше голем предизвик и заради тоа многу се трудев и напорно вежбав, за се’ да биде совршено и да оставам импресии кај публиката.
Мислам дека и пред пандемијата на Ковид во земјава немаше голем број концерти на класична музика и сега за жал и скоро да ги нема или се главно онлајн. Затоа мислам дека и државата треба да вложи многу повеќе во финансиска и секаков вид поддршка на младите музичари за настап со класични концерти, а со тоа и публиката ќе биде поедуцирана и ќе ги бодри. Мислам и дека тоа многу ни недостасува во нашата земја да се бодриме еден со друг како музичари, уметници, пред се’ како луѓе. Јас и велешката и целата македонска публика многу ја сакам и најдраго ми е кога настапувам на овие домашни сцени. Да не ми беше драго немаше ни да дојдам и да настапам тука во Велес и Скопје, а и во сите други градови каде што сум настапувал. Ме исполнува кога настапувам пред самата македонска публика, а и публиката сака да слуша и затоа државата треба да ги поддржува музичарите. Само така ќе можеме да одиме напред со музиката и уметноста.
Зошто по враќањето дома на распуст, со прв концерт настапуваш токму во Велес?
-Се’ беше по договор со мојот драг професор и пријател Илија Настовски, се беше некако брзо и спонтано. Во Велес сум настапувал и велешката публика е одлична. Тука луѓето се со широки погледи и во оваа ситуација да се има концерт, а да се почитуваат строгите протоколи на публика, а која може да се изброи на двете раце. Настапот овде пред велешката публика е нешто големо за мене како уметник бидејќи многу го сакам Велес и уживам да музицирам пред ваква публика.
Каде се гледа за една – две години и дали планира нови настапи во Велес?
-Секако дека планирам повторно да настапам во Велес. Јас доаѓам во местата кои ме прават среќен и каде публиката ме прави среќен.
Мојот најголем предизвик беше да бидам на вака врвен Конзерваториум. Сега засега се трудам да се пронајдам таму и во целата средина за којашто ми е потребно време. Мислам дека сум на добар пат бидејќи имам професор како Ана Виницкаја којашто стои зад мене, која е добра етаблирана и светски пијанист. Затоа мислам дека сум на вистинското место и дека следните години ќе бидат се’ подобри и подобри за мене. Планирам во Германија да се усовршувам и понатаму по завршувањето на Факултетот.
Од септември 2020 си студент на престижниот Конзерваториумот во Хамбург, во Германија?
-Таму бев примен како прворангиран и тоа во класата на Ана Виницкаја и многу сум задоволен од својата менторка и од Факултетот и се’ што ме опкружува таму. Имам одлични услови за студирање и музицирање и мислам дека е нешто најдобро за мојот развој како уметник, како пијанист, а тоа ме прави среќен, .
По краткиот едномесечен престој во текот на март во земјава, од 5 април веќе го слуша вториот семестар на Конзерваториумот во Хамбург.
Зошто токму во Хамбург?
-Јас се одлучив токму на овој Конзерваториум бидејќи претходно имав одличен контакт со проф д-р Милица Шкариќ која е заслужна и ме доведе до овој степен што сум сега и затоа сум и многу благодарен.Таа и уште еден професор ме поврзаа со професор Ана Виницкаја како единствен примен во нејзината класа. Јас многу се израдував што бев примен токму во нејзината класа и мислам дека е тоа вистинското место на кое треба да бидам.
По завршување на Конзерваториумот планирам и понатаму да се усовршувам. Јас се гледам себе си како пијанист кој припаѓа на светот и како европеец и едно нешто за кое сонувам е да патувам и да настапувам на светските сцени.
Дали веќе си имал настап во Германија?
-Поради пандемијата со Ковид, ситуацијата во Германија е критична и за жал сите концерти кои се одржуваат се онлајн или воопшто не се одржуваат. Засега единствено што имаме е што ни е дозволено да вежбаме во кабинетите на Факултетот, а што не’ секој град во Германија во овие услови тоа го дозволува. Затоа јас сум благодарен на тоа, бидејќи пред да се вратам во мојата татковина, дел од овој концерт го отсвирев за дел од моите колеги. Ние тоа ги нарекуваме форшпили, но не беше во целост програмата како што ја изведов на овој самостоен едночасовен концерт во Велес.
Како го доживуваш настапот на своите колеги?
-Јас сум човек кој кога ќе види и слушне настап на друг пијанист или музичар многу се радувам за тоа што го слушам некое дело и уживам. Сето тоа бидејќи знам дека тој мој колега или колешка има вложено голем труд и време, за делото да го совладаат до совршенство и на крај тоа да ги исполни на сцена пред публика и затоа самиот концерт, за мене е нешто многу вредно.
За мене е прекрасно кога одам и на други концерти и уживам во настапот на мои колеги. Но сега поради пандемијата на Ковид многу жалам што концертите во живо се вистинска реткост. Затоа и мене и другите музичари тешко не погодува оваа ковид-состојба и во Германија и овде дома .Па така по овој соло настап во Велес на 17 март и соло концертот во Камерната сала на Македонската Филхарманија на 24 март во Скопје со сите протоколи за заштита од Ковид и иако со минимален број на публика, сепак за мене беа вистински празник и ме исполнија со радост и среќа,потенцира Арда.
Оценка за делата со кои настапуваш?
-Мислам дека секое дело си има своја засебна слика која ние како музичари при изведбата треба совршено да и го претставиме на публиката. При тоа треба да останеме прецизни во динамичките пишувања на композиторот и на артикулацијата и на се’ што стои во нотите од композицијата. Но сепак на концертот на делото треба да му дадеме и наш белег по кој ќе бидеме препознатливи како пијанисти и музичари. Јас сум пијанист-музичар кој се труди да направи слика во
Дали би соработувал – настапувал со други музичари-за камерната музика?
Камерната музика е форма на класична музика компонирани за мала група на инструменти. По дефиниција во камерната музика нема изведба на соло инструменти
Камерната музика е многу важна за музичарите – изведувачите бидејќи правиме напори да се поврземе,да соработуваме едни со други. Многу е битно да се најде конкретен партнер за да може да се споделува истата музика и сличните мислења, бидејќи ако се исти треба да има и некоја трета страна која ќе кажува критики. За мене камерната музика е многу битна, широк човек сум и би бил отворен да соработувам, да свирам камерна музика со други уметници.
На која сцена би сакал да настапиш?
-Хамбург нуди многу многу познати сцени со многу клавири. Бидејќи публиката е таа која ме исполнува, а кога говорам за големите сцени таму има и такви сцени кои примаат и уште поголема публика. Сакам да настапам на сите светски сцени на кои настапуваат најпознатите светски пијанисти. Една од тие е Елфи фармари во Хамбург.
Дали имаш време за дружење?
-Секој ден на пијано вежбам шест часа на Факултетот колку што и ни е дозволено, а што сметам дека е доволно за мене како пијанист. Музиката бара да и посветиш многу во било кое време од денот. Нормално како секој тинејџер на 18,5 години сакам да излегувам со другарите, но за жал оваа година поради оваа состојба тоа е малку потешко, но колку што можам сепак се дружам како и сите млади.
Каква е поддршката која ја имаш од семејството кое е постојано со тебе?К
-Мајка ми Самира која ми беше и мојот прв професор по пијано и татко ми Дениз и сестра ми Дариа која многу ја сакам, секогаш стојат позади нас двајца како родители и пријатели и како буквално се’ и многу сум им благодарен и горд што ги имам. Моите родители се нешто мое најдрагоцено кое го имам цел мој живот. Тие секогаш биле до мене и затоа сум им многу благодарен.
Таткото на Арда Дениз, вели дека е горд што тој студира на престижна Академија и дека се тука да помогнат во неговиот нов почеток.
Мајка му Самира вели дека се радува што тој напредува и ја наде својата среќна ѕвезда.