Арчи, синот на принц Хари, веќе зборува, но со американски нагласок


САД– Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл во премиерата од својата интернет-емисија на „Спотифај“, го натераа својот син да каже „Среќна Нова година“. И малечкото тоа го кажа со прилично американски нагласок.

Во емисијата учествуваат луѓе од светот на уметноста, политиката, па и спортот. Меѓу нив се Стејси Ејбрамс, готвачот Хозе Андрез, глумците Дипак Чопра, Џејмс Корден, пејачот Елтон Џон, натаму – Наоми Осака, Тајлор Пери, Џорџ Поет и други познати личности.

На крајот од емисијата, следуваше и честитката на Арчи кон обожавателите.

Хари и Меган, инаку, не го изложуваат малечкиот Арчи многу во јавноста, за разлика од, на пример Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со нивните деца. За последен пат, обожавателите го видоа во мај, во видео на кампањата „Спаси ги децата“, каде мајка му му чита приказна и, на семејната фоточеститка за Бадниковата вечер во облик на информативна картичка, која само буди љубопитност да дознаеме повеќе за малечкото.