Арбен Таравари колабирал и завршил во болница
Министерот за здравство Арбен Таравари ја информира јавноста дека завршил во болница откако колабирал. Во пораката на социјалните мрежи не објавува конкретно дали станува збор за срцев удар.
„Почитувани и исто толку драги, вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи.
Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги сѐ уште немаат донесено никакви заклучоци.
Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите. Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас. Ви благодарам од сѐ срце!“, објави Таравари.