Арапските лидери ја поддржаа египетската алтернатива на планот на Трамп за Ривиера во Газа


 Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека арапските лидери го поддржале планот на Каиро за повоена обнова на Појасот Газа, што ќе овозможи да остане двомилионското палестинско население во енклавата, јавија светските агенции.

На средбата во Каиро, лидерите го поддржаа контрапредлогот на претседателот Доналд Трамп за преместување на населението и развој на територијата како дестинација за одмор.

Сè уште не е јасно дали САД или Израел ќе го прифатат египетскиот план, забележуваат агенциите. На самитот, чиј домаќин е Египет, присуствуваа емирот на Катар, потпретседателот на ОАЕ и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија – земји чија поддршка е клучна за секој повоен план. На состанокот присуствуваше и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Израел го прифати тоа, што според него, е алтернативен предлог на САД за самиот прекин на огнот и ослободување на заложниците земени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната.