Апсолутен рекорд: Милион долари за паркинг-место


Паркинг-место во Хонгконг е продадено за рекорден износ од 1,3 милиони долари.

Се работи за едно од неколки места за паркирање во ултралуксузната населба во Хонгконг. Населбата има поглед на пристаништето „Викторија“, а во неа се наоѓаат некои од најлуксузните домови во Азија.

Во Хонгконг има многу малку место, како за живот, така и за паркинг, па цените се вртоглаво високи. Затоа и не треба да бде големо изненадување што место за паркинг е продадено за 1,3 милиони доалри, а тоа воедно е нов рекорд.

Претходниот рекорд на цена за паркинг место во Хонгконг изнесуваше 980.000 долари.

Во мај, во истата населба, забележана е рекордна цена за закуп од 210.000 долари месечно.