„Apple“ одвои 240 милиони долари за новата серија на Витерспун и Анистон
Продуцентската куќа на Рис Витерпсун „Хелоу Саншајн“ продаде три проекти на компанијата „Apple“, а еден од нив е проектот за нова серија во која покрај Витерспун ќе глуми и Џенифер Анистон.
Темата на серијата е поврзана со утринската „телевизиска војна“ и е инспирирана од книгата на новинарот Си Ен Ен, Брајан Стетлер „Top of the Morning”, а сценариото го потпишува поранешниот продуцент на ТВ серијата “Куќа од карти”, Џеј Карсон.
Серијата која се уште нема име се смета дека ќе биде вистински хит, а ова нема да биде прв пат Анистон и Витерспун да глумат заедно во серија, односно Рис имаше мала улога во „Пријатели“ каде глумеше една од сестрите на Џенифер.