Апасиев: За првпат во Македонија на легална партија и е забрането да се рекламира и со свои пари!


Видете го лицемерието и беззаконието на АВМУ (Зоран Трајчевски) и ДИК (Борис Кондарко)…
Кога беше за “независните” не им беше проблем да се стават во улога на законодавец и со подзаконски акт да регулираат правна празнина. Кога е за ЗНАМ, дури во Упатството за платено политичко рекламирање измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” (иако законот оперира само со терминот “коалиција”), за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, иако не се формално во коалиција и имаат две бројчиња.

Ама кога е за Левица – не можеле они да толкуваат!? (иако целта на законот е СИТЕ ПАРТИИ и парламентарни и вонпарламентарни да добијат средства од државата). Тоа во правото се вика телеолошко толкување, ама многу сте прости, пакосни и корумпирани да го сфатите, па се држите само до граматичко-позитивистичкото.

Па така, за прв пат во независна Македонија на една легална регистрирана партија ефективно (преку испуштање да се спомене, небаре е непостоечка) ќе и биде ЗАБРАНЕТО ДА СЕ РЕКЛАМИРА дури и со свои пари! Слушајте ми го зборов дека за оваа политичка дискриминација ќе се расправа дури и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Но, оваа НЕПРАВДА која ни ја прават ќе предизвика “ефект на бумеранг”, па наместо штета – бидете сигурни дека НАРОДОТ гледа и интуитивно се солидаризира со оној на кој му се прави лошотилак! 

 Не се откажуваме ниту од правната борба. Нашиот правен тим ќе спреми и кривични пријави и тужба за оштета против сите членови на ДИК и на Советот на АВМУ, за предизвикана материјална штета на Левица која ќе ја утврдиме дополнително, со финансиско вештачење. 

Уставниот суд, како по обичај, не е од тука. Го има фатено зимскиот сон, иако “ПЛУРАЛИЗМОТ” и слободните и фер избори се темелни вредности на нашиот уставен поредок кои тој нели, божем, треба да ги штити“, прокоментира Ашасиев на социјалните мрежи.