Апасиев тврди дека Мицкоски го следи него и неговото семејство


Фото: Б. Грданоски

 

Во случајот за прислушувањето на Христијан Мицкоски кога бил во опозиција и на неколкумина новинари се вклучи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој тврди дека сегашниот премиер илегално го следел него и неговото семејство. Во објава на Фејсбук Апасиев напиша:

„Кога беа протестите против т.н. Француски предлог за бугаризација (2022), ми се јави сегашниот премиер #Мицика, да ме предупреди дека СУМ СЛЕДЕН И ПРИСЛУШУВАН од службите, заедно со него и со уште пет-шест имиња кои нема сега да ги откријам, од шо не е моментот. Му се заблагодарив културно на ‘упозорењето’, иако знаев дека не е искрено, туку од тоа да се самозаштити самиот (оти во тој момент ме бараше скоро секој ден да се слушаме, коо да сме дечко и девојка, скраја да е)…

Денес гледам, не ме спомиња ич и вика дека само он бил следен, пошто ваљда само он бил ОПОЗИЦИЈА на СДС!? Важи брату нарцисоиден, биди така.

p.s. Туку, друго ми беше муабетот – зошто го правиш истото што не сакаш да ти го прават, па денес пак ИЛЕГАЛНО следиш опозиција (вклучувајќи ме и мене со семејството), преку истите служби кои тебе те следеа?“