Апасиев му одговори на Тошковски – бил министер со „образ ѓон“


 

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, возврати на нападите од страна на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој обвини за координиран напад од СДСМ, ДУИ и неговата партија Левица со цел да не може да се справува со корупцијата.

„Досега, при секоја голема трегедија, актуелните министри си поднесуваа оставки  кои потоа премиерите (Груевски и Заев) – не им ги прифаќаа!? Во Србија дури падна и владата за трагедијата со 15 загинати во Нови Сад!

Но, овој бескрупулозен министер, со образ ѓон, кој е познат како ‘адвокат на урбаната мафија’ – нема ниет да ја сфати суштината на оставката од морални причини, иако МВР и тоа како е криво за она што се случи во Кочани, каде што загинаа 60-на луѓе, а над 200 се повредени! Овој послушник на премиерот, има само една задача – да ја заташка истрагата со цел ниеден актуелен функционер-вмроид да не одговара! Затоа, ние му поднесовме интерпелација и со него ќе се соочиме машки на собраниска седница“, напиша Апасиев.