Апасиев: Има меѓукоалициски договор законот за бранители да не се стави на дневен ред во Собранието


 Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев денеска изјави дека коалициски договор помеѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ е законот за бранители никогаш да не стигне на дневен ред.

– Вчера беше приликата ако Комисијата вака како што за нас надзорната свика итна седница, Миле Лефков го усвоеше тоа или владејачкото мнозинство тоа го усвоеше како точка на дневен ред, тогаш ќе требаше да се толкува кој всушност е надлежен сега во отсуство на Илире Даути да ја свика таа седница. Според нас, тоа е спикерот Гаши или некој пратеник кој тој ќе го именува согласно Деловникот. Но гледаме дека таму процесите се запрени и мислиме дека тоа е меѓукоалициски договор, тој закон никогаш не стигне на дневен ред, изјави Апасиев.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Собранието, тој рече дека според Левица на државниот грб треба да се врати петокраката.