Апасиев глуми загриженост, а секој месец си подигнува зголемена плата од 78 отсто


СДСМ го обвини лидерот на Левица Димитар Апасиев дека критикува за зголемената плата, а не му пречи што секој месец стигнува на неговата сметка и не ја враќа. 

-Додека Левица шири популизам и се однесува деструктивно, СДСМ преку Владата и Министерството за труд и социјална политика што ги преводи носи системски решенија за вистинска грижа за сите категории граѓани. За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога пензиите се покачуваа линеарно и популистички без никакво усогласување, сега Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство предводено од Јована Тренчевска донесоа методологија со која пензиите се покачуваат два пати годишно следејќи го движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50%. Од воспоставувањето на новата методологија до септември оваа година пензиите ќе бидат покачени за над 21%, додека од 2017 година досега минималната пензија се покачи за 46%. Според методологијата секој март и септември пензионерите ќе имаат повеќе пари на својата сметка!

Апасиев од удобната пратеничка фотелја секојдневно шири популизам, глуми загриженост за граѓаните, а на секој први во месецот и тој си подигнува зголемената плата од 78 осто. Апасиев како правник треба да знае дека одлуките на Уставниот суд не се коментираат.Истовремено Владата работи на решение со кое ќе се надмине предизвикот за платите на функционерите со што ќе се изнајде прифатливо и одржливо решение, порачаа од СДСМ.