Анкета: Загрижувачка ниска доверба на граѓаните во АВМУ и АЕК


Загрижувачки ниска е довербата на граѓаните во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Перцепцијата на граѓаните за нивната независност годинава бележи двојно опаѓачки тренд, односно нешто помалку од 20 отсто од граѓаните веруваат дека двете агенции се независни од бизнис и политичките центри на моќ.

Ова денеска го истакна Гордан Лазаров од Евротинк – Центар за европски стратегии на денешната презентација во Скопје од резултатите од истражувањето на јавното мислење поврзани со АЕК и АВМУ како и за задоволството на граѓаните од услугите и цените на мобилната телефонија.

Лазаров посочи дека перцепцијата на граѓаните за транспарентноста и професионалноста кај АВМУ бележи мал пораст, што се однесува до Агенцијата за електронски комуникации, таму стагнираат, но довербата кај двете агенции бележи загрижувачки, скоро двојно опаѓачки тренд.

Според резулатите, мнозинството граѓани, и тие што ги препознаваат агенциите не се доволно запознаени со нивните надлежности, што всушност работат овие агенции или која е улогата на овие две регулаторни тела. Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека на раководните функции на двете агенции се поставуваат само личности кои се блиски до одредена политичка партија.

-На прашањето дали слушнале граѓаните за АЕК постои нагорен тренд на препознатилвост, околу 7 отсто во споредба со лани е зголемена препознатливоста кај граѓаните за АЕК. Жителите од урбаните средини слушнале повеќе за АЕК, за разлика од жителите од руралните средини, изјави Лазаров.

Додаде дека над 50 отсто од граѓаните со високо образование ја препознаваат оваа агенција со средно образование, малку над 40 отсто, а со основно образовгание само нешто над 20 отсто.

– Сериозен е падот за околу 50 отсто од граѓаните во споредба со лани во поглед на тоа како гледаат граѓаните на независноста на агенцијата од партиските и владините центри. И покрај тоа што има зголемување на 8 отсто од лани, нешто помалку од 30 отсто ја препознаваат АВМУ. Дури над 50 отсто сметаат дека АВМУ има надлежност да ги заштити корисниците на мобилната технологија, појасни тој.

Дури и надлежности што се реалност на АВМУ, како контрола на програмата на медиумите и како контрола на платеното полиитчко рекламирање во текот на изборната кампања, граѓаните ги мешаат тие надлежности и сметаат дека се дел и на АЕК.

– Во поглед на транспарентонста на АЕК, таа стагнира дури има и мало опаѓање, 4 отсто во споредба со лани е намалено, 34 отсто од граѓаните сметаат дека е транспарента, додаде Лазаров.

Што се однесува до цените на услугите на мобилната телефонија и интернетот корисниците, тие имаат поделено мислење.

Како што кажуваат резултатите во поглед на цените, околу 50 отсто се задоволни од цените, околу 50 отсто не се задоволни. Незадоволството е поизразено кај граѓаните од руралните средини. Дури 54 отсто од граѓаните што живеат во рурални средини не се задоволни од квалитетот на медиумите и цените на мобилните.

– Во поглед на квалитетот, во споредба со цените, задоволството од квалитетот е на повисоко ниво, меѓутоа и тука ја има таа разлика околу руралните и урбаните средини. Жителите на руралните средини се помалку задоволни во споредба со жителите од урбаните средини, рече Лазаров.

Анкетата е спроведена од Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншки комитет за човекови права од 16 февруари до 7 март годинава со репрезентативен примерок од над 1 200 испитаници.