Анкета: Половина Руси подготвени да прекинат да користат странски интернет услуги


Повеќе од половина Руси се подготвени да прекинат да користат странски интернет услуги во корист на руските, со цел да се промовира  развојот на националниот пазар, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за развој на Интернет.

Истражувањето е спроведено од 23 до 27 октомври на примерок од 1.000 испитаници кои живеат во Русија на возраст меѓу 18 и 65 години.

Според резултатите, третина од испитаниците се изјасниле дека се чувствуваат гордо што имаат можност да избираат меѓу руски и странски интернет услуги.

Од анкетираните, 53 отсто признале дека се подготвени да ги напуштат странските интернет платформи и да преминат на руски за да се забрза развојот на домашниот пазар и да се отворат нови работни места.

Што се однесува до заштитата на личните податоци, 77 отсто од испитаниците сметаат дека државата треба да воспостави правила за руските интернет компании да ја осигураат безбедноста и заштитата на личните податоци на граѓаните.

Две третини од анкетираните сметаат дека руските власти треба да ја поддржат домашната ИТ технологија.