Анкета: Мнозинството Германци би се вакцинирале против Ковид-19
Резултатите од истражувањето на германскиот Институт за економско истражување покажуваат дека околу 70 проценти од Германците би се вакциниралепротив новиот коронавирус.
Додека половината од испитаниците изјавиле дека вакцината против Ковид-19 треба да биде задолжителна.
Тие истакнаа дека задолжителната вакцинација би можела да биде алтернатива за другите присилни мерки, како што се ограничување на контактите и намаленото работно време на угостителските објекти.