Анкета: Европејците се повеќе користат платежни картички

Потрошувачите во еврозоната се повеќе плаќаат со картички отколку со готовина од почетокот на пандемијата со Ковид-19 и планираат да продолжат со таквата пракса, покажуваат резултатите од истражувањето на Европска централна банка (ЕЦБ).

Според студијата пандемијата го забрзала трендот за напуштање на готовината, а се попопуларни се новите начини за бесконтактно плаќање со картички, телефони, па и часовници.

Околу 40 проценти од испитаниците изјавиле дека од почетокот на Ковид-19 помалку плаќаат со готовина, а 87 отсто истакнале дека планираат да ја задржат навиката и по завршувањето на пандемијата.

Како најчеста причина за тоа го наведуваат олеснителното електронско плаќање во малопродажбата и стравот од зараза при контакт на банкноти и монети.

Од зараза преку парите најмногу стравуваат Шпанците и Португалците, а најмалку Естонците, Австријците и Словенците.

Во истражувањето, спроведено во јули, учествувале 17.779 испитаници.