Англија понижена од Унгарија со најтежок пораз дома за 94 години


Унгарските фудбалери слават пред нивните навивачи

 

Каков неред. Герет Саутгејт, знаеше дека му треба победа за да ја врати смиреноста по длабоко неубедливиот почеток на оваа кампања во фудбалската Лига на нации, кој донесе два бода од првите три меча и еден гол; ниту еден од отворена игра.

Она што го доби селекторот на Англија беше ново и загрижувачко ниско ниво – најтешкиот пораз во неговиот речиси шестгодишен мандат во Англија, 0:4, најлошиот пораз на тимот домашен терен од 1928 година и бунт меѓу домашната на стадионот „Молине“ во Вулверхемптон.

Навивачите почнаа да се обидуваат да излезат кога Роланд Салаи го постигна својот втор гол на вечерта за да ја однесе Унгарија на 2:0, свирежите одекнаа, и токму во тој момент се се распадна за тимот на Саутгејт.

Кога Золт Наѓ го постигна третиот гол за Унгарија, ситуацијата беше надреална, финалистите на ЕП 2020 изгледаа понижено. „Не знаеш што правиш“, му викаа навивачите на Саутгејт, повеќе од нив си заминаа, извикувајќи навреди додека си заминуваа.

Имаше престрог втор жолт картон за Џон Стоунс, кој имаше ужасна вечер; уште повеќе свирежи за Хари Мегваер кога влезе како доцна замена и последното омаловажување со унгарскиот четврт гол, одбраната на Англија скршена, замената, Даниел Газдаг, истрча до крајот.

„Утре наутро ќе бидеш сменет“, извикуваа во хор домашните навивачи. Саутгејт виде дека ништо не оди од почеток до крај, а најблиску до гол Англија беше по ударот со глава на Хари Кејн во 77. минута, кој ја затресе гредата. За менаџерот и секој играч, немаше спасоносни благодати – само загриженост со уште само два натпревари пред да започне Светското првенство во Катар на 21 ноември.

Саутгејт сакаше поголема енергија, за да му даде нешто за паметење на исполнетиот „Молине“, особено откако саботните 0-0 со Италија го гледаа само 2.000 училишни деца под условите на забраната за стадиони на Фудбалската асоцијација.

Сѐ започна со вообичаеното гнев, домашните навивачи ја прекинаа унгарската химна со скандирање во кое им кажуваа дека се „расистички копилиња“. И Англија беше вчудоневидена кога Унгарија поведе по еден слободен удар кој беше лошо бранет.

Од каде доаѓаше инспирацијата? Унгарија беше совршено среќна што ја задржа формата, што ги задржа белите дресови пред себе. Не веруваа дека Англија има нешто што може да им наштети. Тие беа во право. (Гардијан)