Анѓушев: Инвестицијата во фотоволтаици се исплаќа за пет до осум години

Очекувам многу заинтересиран инвеститори за фотоволтаични централи и ги охрабрувам сите што сакаат да инвестираат во фотоволтаични централи тоа да го направат, бидејќи со овој модел и цени инвестицијата се исплаќа за рок од пет до осум години, изјави вицепремиерот за економски прашња Кочо Анѓуше, одговарајќи на пратенички прашња во Собранието.

Суштинска дезинформација во медиумите е дека требаат три милиони евра да се направи една фотоволтаична електрана, што не е точно.

– Може да се инвестира на сопствено земјиште од 0 до 200 киловати, од 200 до 500 киловати, од 500 киловати до еден мегават и од еден мегават до три мегавати. Секаков инвеститор сме предвиделе да може да инвестира. Пола мегават опрема чини околу 350 илјади евра, со се приклучок на мрежа и градежни работи. Ако е 350 илјади евра и треба да имате само 20 проценти свои средства и 80 од банка, со други зборови средно голема електрана може да направите со 70 илјади евра сопствени средства и другите кредит, истакна Анѓушев.

Посочи дека одредбата што се однесува да не може да се субвенционира за поставување на покриви, е за фабриките.

– Секоја фабрика на слободен пазар има два процеси во цената на струјата. Едно е што плаќата струја, друго е приклучокот на мрежа. Кога правите производство на електрична енергија за сопствени потреби не ја плаќате мрежарината и тој проект веќе ви е субвенциониран, изјави Анѓушев.

Појасни дека станува збор за два проекти.

– Едно е да се градат фотоволтаични централи на државно земјиште. Предвидено е 25 мегавати во Свети Николе и десет мега вати во Македонски брод. Околу триесетина до триесет и пет илјади евра ќе чини приклучокот за еден мегават. Инвеститорите ќе имаат право да ја продаваат електричната енергија на слободниот пазар, а дополнително и да ја понудат на откупувач. Втората опција е да се градат на сопствено земјиште. И едните и другите кај државата ќе аплицираат за премиум, што е претходно утврден, а ќе можат да аплицираат сите што ќе ги исполнат условите, изјави Анѓушев.