Skip to content

03/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Анѓушев: Долговите на општините не растат, во најмала рака стагнираат

08/06/2019 14:26

Фото: Б. Грданоски

Дали ќе има нови средства за финансиска поддршка на општините поради нивните долгови, како што беше ланската инјекција од 50 милиони евра, ќе зависи од тоа дали ќе има ребаланс на Буџетот, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Тој не смета дека долговите на општините се зголемуваат, туку дека или се отплаќаат или се намалуваат или, пак, во најмала рака, како што истакна, стагнираат.

-Немам сознанија за трупање нови долгови кај општините. Мислам дека долговите на општините не растат. Или се отплаќаат или се намалуваат. Во најмала рака стагнираат. Дали ќе има нови средства за поддршка во однос на долговите како ланската помош, ќе зависи од тоа дали ќе има ребаланс на Буџетот, објасни вицепремиерот, одговорајќи на новинарско прашање по доделувањеето на првите решенија за поддршка на руралниот развој.

Градоначалникот Константин Георгиески информира дека долгот на Општина Охрид во моментов е 530 милиони денари. За покривање на долгот од 1,6 милијарди, државата помогнала со 495 милиони. Од нив локалната самоуправа заштедила 260 милиони по основа на камати. Општина Тетово, пак, според градоначалничката Теута Арифи, засега има исплатено 51 отсто од долгот. За останата половина сума изготвува динамика на исплата.

Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски дополни дека поддршката на руралниот развој чија реализација ќе се спроведува наредните три години, воопшто нема да значи дополнително финансико оптоварување на општините.

-Ова не се средства за дополнително задолжување на општините, ниту за нивно какво било финансиско оптоварување, туку директна помош што подразбира целосна, стопроцентна исплата на инвестициите, истакна Бабовски.

Во Владата беа доделени првите 17 решенија за поддршка од Програмата за рурален развој. Вкупно 202 општини и осум плански региони доставиле барања за 37,5 милиони евра. Со парите планираат да реализираат инфраструктурни проекти: обнова и развој на селата, изградба на патишта до земјоделските површини, зачувување и унапредување на традиционалните вредности,…, кои ќе обезбедат поквалитетен живот.

Како што потенцира министерот за земјоделство Љупчо Николовски, наместо за споменици и скулптури, Владата одлучи да вложува во капитални проекти од корист за граѓаните и државата. 

ReplyForward

 


Поврзани содржини

Во САД, во март беа отворени 178.000 нови работни места, невработеноста се намали на 4,3 отсто
03/04/2026 16:04
Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза
03/04/2026 16:04
Глобалните цени на маслото и на шеќерот се зголемија
03/04/2026 15:04
Нов повик за инвертер клими, ќе се аплицира целосно електронски, без редици
03/04/2026 14:04

Азески ќе разговара со Коњановски за развојот на стопанството во битолскиот регион
03/04/2026 14:04
Парализата на балтичките пристаништа ги парализира и руските нафтени компании
03/04/2026 14:04
Во првиот квартал вкупните приходи во Буџетот биле 81,2 милијарди денари, а расходите 106,3 милијарди
03/04/2026 13:04
Дали државата се откажува од тутунарите кои садат на туѓи ниви?
03/04/2026 13:04

Најчитани


  • Аеродромци ќе имаат бесплатно паркирање само во зоната во која живеат – во другите ќе плаќаат
    28/03/2026 10:41
  • Лудница во Словенија: Ника Превц прелета фантастични 242,5 метри и постави светски рекорд
    27/03/2026 21:26
  • Од 1 април, зонско во Реонски центар
    27/03/2026 18:08
  • МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот
    27/03/2026 20:46
  • Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
    29/03/2026 12:37
  • Дончиќ: Она што ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е европска срамота
    28/03/2026 17:42

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење