Ангелов седна на координација со пет министри, не дојде само Николоски


 Во просториите на Центарот за управување со кризи денеска се одржа конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи на којашто присуствуваа членовите, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за здравство Арбен Таравари, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов. На седницата присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Како што се наведува во соопштението од средбата, директорот на ЦУК и раководител на групата за процена Стојанче Ангелов ги запозна присутните со прогласената, популарано именувана, „мигрантска“ кризна состојба на јужната и северната граница, како и кризната состојба во КПУ „Идризово“. Воедно, Ангелов, даде детална информација за бројот на пожари на отворен простор, штетите од пожарите, начинот на функционирање на системот за гаснење на пожарите, како и за ресурсите што се на располагање за гаснење пожари на отворено.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, заради неодложни обврски не присуствуваше на седницата.