Ангелов: Пристигнаа романските авиони „Спартан“ и „Херкул“, ќе го гаснат пожарот под Солунска глава

Пристигна големиот романски противпожарен авион „Спартан“ кој фрла т.н. водни бомби од повеќе од пет тони. Како логистика, со него во придружба е и авионот „Херкул“. Ќе започнат да дејствуваат набргу во гаснењето на пожарите, изјави денеска директорот на Центарот за упрување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој информира дека утрово, во 5 часот, одржал брифинг со пилотите на хеликоптерите кои полетуваат за да ги изгаснат пожарите ширум земјава. 

– Четири хеликоптери полетаа кон планината Серта. Во општина Радовиш, кај селото Колајево упативме два големи армиски хеликоптери, еден полициски хеликоптер и еден црногорски хеликоптер. Во село Негорци, Гевгелија упативме два словенечки хеликоптери, а во Општина Ново Село, во непосредна близина на границата со Бугарија, упативме еден голем турски хеликоптер и еден голем српски хеликоптер. Но, нешто подоцна поради разгорување на пожарот во Радовишко, во непосредна близина на градот Радовиш, кој може да претставува опасност за борова шума, српскиот хеликоптер го пренасочивме кон Радовиш, појасни Ангелов.

Ангелов нагласи дека на територија на државава имаме уште неколку, како што рече, сериозни и опасни пожари  кои најверојатно ќе бараат воздушна поддршка. Тоа се пожарите на територија на општините Чашка, Долнени, Студеничани, Зелениково и под Солунска глава.