Ангелов: Клубот „Ванчо Михајлов“ беше отворен со намера да биде запален
„Овој клуб беше отворен со оваа намера, за да биде запален и искршен. Намерата од бугарските власти беше за да се запали. Изборот на контроверзна личност од старт е провокација. Ламбе како млад човек од негови познати причини го запалил. Името ‘Ванчо Михаилов’ е дел од нашата историја и еден од претседателите на ВМРО. Тој е претходник на Љупчо Георгиевски, ако ги броиме конгресите на ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да е контроверзен, тој е дел од нашата историја“, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
„Штетата ќе беше поголема доколку не се дозволеше отворање на клубот под вакво име. Сега вината е индивидуална. Не требало Алабаковски да постапи така. Го оправдувам неговиот револт, но не и начинот на кој реагирал. Ние сме држава и имаме механизми како да ги решиме овие крупни прашања“, додаде Ангелов.