Анџелина Џоли ги обвини светските лидери за соучесништво во геноцидот во Газа


Холивудската актерка Анџелина Џоли ги обвини светските лидери за соучесништво во злосторствата во Газа.

Џоли, која претходно служеше како специјален пратеник во УНХЦР, се обрати на Инстаграм и сподели фотографија од израелски напад. Во постот таа ја истакна лошата ситуација во опколениот регион, нагласувајќи го продолженото страдање на луѓето во Газа.

„Ова е намерно бомбардирање на заробено население кое нема каде да побегне“, напиша таа, нагласувајќи дека „Газа е затвор на отворено речиси две децении и брзо станува масовна гробница. Четириесет отсто од убиените се невини деца“.

Таа понатаму додаде: „Се убиваат цели семејства. Додека светот гледа и со активна поддршка на многу влади, милиони палестински цивили – деца, жени, семејства – се колективно казнети и дехуманизирани, а со тоа се лишени од храна, лекови и хуманитарна помош против меѓународното право.Светските лидери се соучесници во овие злосторства“, тврди таа.