Андреја Јанков од Левица: Ова е нашата настрешница

Андреај Јанков од партијата Левица напиша статус на Фејсбук во кој трагедијата во Кочани ја нарече „наша настрешница“.
-Овакви работи се случуваат кога на несоодветни места, со несоодветна вентилација, начин на евакуација, се прават дискотеки и ноќни барови, само затоа што газдата е другарче со некој локален партиски моќник. Кога во општина им се одобрува да работат, кога им поминува несоодветен проект за адаптација и пренамена, фалц ППЗ елаборат, кога инспекцијата наместо на лице место прави надзор во кафана на ручек.
Кога пиротехнички средства се купуваат на Битпазар, наместо да се строго контролирани и манипулирани од страна на лиценцирани експерти, кои ќе можат да проценат дали, каде, колку и што треба да се употреби.
Кога концерти се договараат и одржуваат без сериозна претходна припрема.
Дојдени сме во ситуација да пратиш дете во град, да не знаеш дали ќе ти се врати! Да ти е страв како родител да го пуштиш од дома, затоа што не знаеш дали ќе настрада од пијано говедо, ќе ти биде киднапирано и убиено или ќе изгори живо!
Златни деца се изгубени! Преку 50 иднини запечатени!
Нека почиваат во мир, а ние останатите, дајте бе луѓе, сите тука живееме, дајте ред да направиме, доста мислиме само за себе, утре може ќе биде во прашање моето или твоето дете…, стои во објавата.