Андреас Трајковски е осми во Европа во скок во далечина

Македонскиот атлетчар Андреас Трајковски кој на Европското првенство во сала, кое се одржува во Апелдорн (Холандија)м во скок во далечина, се пласира на 8 место.
Трајковски вечерва настапи во финалето во оваа дисциплина и успеа да скокне со најдобар скок 7.65 метри во третата серија. Тој во финалето во три наврати имаше престап.
Сите финалисти кои заедно со Македонецот, вечерва, се најдоа во големото финале во оваа дисциплина, беа со далеку подобар ранкинг на Европската листа.
Да се потсетиме дека вчера во квалификациите, Андреа успеа да скокне 7.85 метри со што постави нов македонски рекорд.