Андоновски: До јануари 2025 година ќе имаме нацрт закон за сајбер безбедност


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, присуствуваше на првата средба на работна група за подготовка на првиот закон за безбедност на информациско-комуникациски системи или попознат како закон за сајбер безбедност. Министерот појасни дека се работи на овој закон и кон крајот на јануари 2025 би требало да влезе во владина процедура.

„До јануари 2025 година ќе имаме нацрт на овој закон, кој што ќе го споделиме со јавноста, ќе го објавиме на ЕНЕР и ќе ги прибереме мислењата, ќе спроведеме јавна расправа и очекувањата се дека во февруари веќе ќе го имаме како готов текст на законот во Собрание“, истакна Андоновски.

Тој додаде дека овој закон целосно се подготвува со барањата на Европската Унија, со цел да се модернизира и да се следат трендовите.

„Овој закон целосно ќе не приспособи со барањата на НИС2 директивата која што е најновата директива од страна на ЕУ. Затоа и насоката ма законот е апроксимација со европските правила на игра“, заклучи Андоновски.