Андонов: Функционерите се борат за службена картичка, тендери, секретарка и службен телефон


Оливер Андонов – професор на Воена академија, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, научени лекции – заштита на демократијата, истакна дека студентите во Воената академија се водат со идејата „честитка – ѕвездичка“, односно да стигнат до офицер и потоа ќе станат клиенталисти.

„Во партиите нема демократија, има назадување. Функционерите се борат за службена картичка, тендери, секретарка и службен телефон и кога ќе го постигнат тоа веќе стануваат добри клиенталисти и лојалисти. Во партијата повеќе не се разговара ниту за идеологијата. Основата идеологија е интересот, тлиентализмот, а сето тоа се постигнува со лојализам.

Имаме многу необразовани членови во политичките партии. Дел од тие стануваат и функционери. Тие што се пописмени заминуваат од државата, не сакаат да бидат полтрони или клиенталисти.

Националните емоции особено се користат против НАТО и ЕУ. Подршката за Украина полека се губи, еве кажете што направи државата во последниот период за Украина?

Луѓето апстинираат од избори, односно ако излезат да гласаат тие гласаат против, а не за некоја програма.