Ана Петан на „Белградска пролет“ со песна од Копров


Фото: Диоген Хаџи- Коста Милевски 
 
„Балада за анѓел“ е песна на Григор Копров, со аранжман на Стефан Петановски а по текст на Душан Бачиќ, што на фестивалот „Белградска пролет“, (20 април), ќе ја пее девојка со бисерен глас, Ана Петан. 
 
 
Песната по многу нешта е особена, првин затоа што звучи многу моќно поради супериорен вокал на Ана, а потоа затоа што е инспирирана од еден коментар на ју- тјуб, напишан под песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, една од омилените на Тоше Проески… Така коментарот „Када сам тужна ти си ту, кад сам среќна ти си ту, у сваком мом новом дану…“ стана рефрен на оваа балада, која потсетува на Тоше, на љубов и големи емоции.
Ана е пејачка со огромен потенцијал, а овој настап е одлична можност да ја слушнат и надвор од границите: и посакуваме многу среќа и на „Белградска пролет“ и на следните летни фестивали: „Сунчане скале“, „Шибенска шансона“ и „Охрид- фест“ што годинава ќе се случува на 30 и 31 август.