Аморим: Доколку управата и навивачите решат дека не сум потребен, ќе си заминам следниот ден


 Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим ја коментираше својата иднина во клубот по поразот со 1:0 од Тотенхем во финалето на Лига Европа.

– Не сум тука да се бранам во овој момент. Ова не е мој стил. Немам што да им покажам на навивачите. Ми треба малку верба во моментов. Ако управата и навивачите решат дека не сум потребен, ќе си заминам следниот ден. Уверен сум во мојата работа. Како што можете да видите, нема да сменам ништо во мојот пристап, изјави Аморим за „Sky Sports“.

Португалскиот стручњак го води тимот од ноември 2024 година.

Манчестер јунајтед го загуби своето второ европско финале во низа. Во 2021 година „Црвените ѓаволи“ загубија на пенали од Виљареал во финалето на Лига Европа.