Американското Министерство за здравство соопшти дека вработените сепак мора да одговорат на мејлот на ДОГЕ

Американското Министерство за здравство денеска ги извести вработените дека бара од нив да одговорат на мејлот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во кој се бара да ја сумираат својата работа во текот на изминатата недела, менувајќи ги претходните упатства.
Администрацијата на Трамп во петокот вечерта испрати мејл до вработените во врска со барањето на милијардерот Илон Маск и неговиот Оддел за владина ефикасност (ДОГЕ) за проценка на работењето на вработените во владата.
На вработените во Министерството за здравство, кое ги вклучува и Федералната управа за лекови и Центрите за контрола и превенција на болести, прво им беше кажано дека не мора да одговараат на мејловите од одделот на Маск и дека ако одговорат, тоа нема да влијае на нивните работни места.
Потоа, министерството денеска испрати нов мејл, во кој Ројтерс имал увид, во кој им наложува на своите службеници до полноќ да одговорат на прашањето на министерството на Маск, во договор со нивните претпоставени.
Министерството за здравство, исто така, им порача на своите вработени дека одговорите треба да бидат многу општи и да ги заштитат чувствителните и личните податоци.
Во првата верзија на мејлот испратен денес, Министерството за здравство ги предупреди своите службеници дека одговорите до ДОГЕ на Маск може да бидат „читани од малигни странски актери“. Министерството за здравство потоа испрати втора верзија на мејлот од кој беше отстранета таа забелешка.
Министерството за здравство сè уште не ги коментирало овие наводи.