Американските ресторани бараат помош од 455 милијарди долари
Американското здружение на ресторани побара од Белата куќа и Конгресот пакет помош во висина од 455 милијарди долари бидејќи секторот може да ги изгуби речиси половина од вработените и најмалку една четвртина од годишниот промет поради пандемијата со новиот коронавирус.
– Поради ширењето на Ковид-19 рестораните мораа да затворат или да се пренасочат на достава на храна, поради што секторот би можел да остане без седум милиони од вкупно 15,6 милиони работни места и да изгуби 675 милијарди долари, се наведува во писмото на Здружението испратено до претседателот Доналд Трамп и и Конгресо.
Затворањето на рестораните е една од мерките за сузбивање на ширењето на новиот коронавирус во САД, каде досега се регистрирани речиси 8.000 заразени ица, од кои 45 починаа.
Американското здружение на ресторани бара и основање на фонд за заздравување на рестораните и прехрамбената индустрија во висина од 145 милијарди долари со цел да ја подобри ликвидноста на секторот, 100 милијарди долари осигурање од прекин на работата и 135 милијарди долари помош во случај на катастрофа.
Здружението писмото го испрати само еден ден откако претставниите на најголемите светски синџири за брза храна, меѓу кои и МекДоналдс, беа на состанокот со Трамп.