Американскиот советник Дерек Шоле доаѓа во среда во Скопје

Високиот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, заедно со американска делегација во среда ќе допатуваат во Скопје. Тој ќе се сретне со владини преставници и ќе разговара за низа прашања, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопштија од Стејт департментот на САД.
Шоле, кој минатиот месец ја одложи посетата поради ковид, доаѓа со цел да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан, стои во соопштението. Од Скопје, Шоле ќе замине во Приштина и Белград во обид да помогне за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.