Американскиот Сенат го изгласа Пател за директор на ФБИ


Кеш Пател е новиот шеф на Федералното истражно биро (ФБИ), потврди денеска американскиот Сенат.

Сенатот го потврди Пател со тесно мнозинство од 51 глас „за“ и 49 „против“.

Пател, поранешен функционер во Министерството за одбрана во првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, повика на радикална ревизија на ФБИ, ветувајќи дека ќе ги прошири неговите акции против илегалната имиграција и насилниот криминал, кои се клучни приоритети на Трамп во новиот мандат.