Американскиот милионер Роберт Дурст е осуден за убиство по 20 години
САД – Магнатот во областа за недвижни имоти и американски милионер Роберт Дурст денеска е осуден во Лос Анџелес. Тој е обвинет за убиство на неговата блиска пријателка Сузан Берман пред речиси 20 години. Берман сакала да и открие на полицијата информации за исчезнувањето на сопругата на Дурст во 1982 година. Пронајдена е во нејзиниот дом во Беверли Хилс со прострелна рана во главата. Полицијата верува дека Дурст го убил и соседот кога се криел надвор од Тексас.
Седумдесет и осум годишниот Дурст отсуствуваше од судницата бидејќи се наоѓа во изолација, откако претходно бил во контакт со болен пациент од коронавирус. Судот заседаваше речиси седум часа во траење од три дена.
На милионерот му се заканува доживотна казна затвор без право на помилување. Судското рочиште, на кое ќе биде изречена пресудата, е закажано за 18 октомври.
Богатството на Дурст, кој поседува голем број деловни згради во центарот на Њујорк, во моментов се проценува на 100 милиони долари.