Американски воени авиони ја прелетаа Бања Лука за време на прославата на Додик


Додека во Бања Лука течеше свечената академија по повод 9 јануари, Денот на Република Српска, американски воени авиони ја прелетаа Бања Лука.

Два ловци Ф-16 на американското воено воздухопловство денеска прелетаа над Брчко и Тузла како дел од обуката за контрола на напад на вооружените сили на Босна и Херцеговина и на американското воено воздухопловство.

Третиот авион „Стратотанкер“ ги наполнил борбените авиони Ф-16 со гориво над територијата на Република Српска, кои најверојатно во тој момент биле над Бања Лука.

Авионите Ф-16 не можеа да се видат на апликацијата Флајтрадар, но се видел Стратотанкер кој ги наполнил бомбардерите со гориво.

Тој полетал од од Англија, кружеше од Теслиќ преку Котор Варош, Крупа на Врбас сè до Сански Мост, каде што направи пресврт и се врати од Босански Петровац кон Мркоњиќ.

Официјални лица на Република Српска оценија дека тоа е „класична провокација во пресрет на Денот на РС“.

Претходно денеска американската амбасада во Босна и Херцеговина соопшти дека овие летови ја покажуваат посветеноста на САД на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина во екот на, како што наведоа, антидејтонските и сецесионистички активности на властите на РС.

Во РС денеска и утре се одбележува 9 јануари, Денот на РС, кој Уставниот суд на Босна и Херцеговина го прогласи за неуставен, наведувајќи дека одбележувањето на Денот на РС на тој датум ги дискриминира припадниците на другите два конститутивни народи, Бошњаците и Хрватите.