Американски бомбардери го надлетаа Скопје


-Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, појаснија од МО утрово.
Инаку Б-52 се американски стратешки бомбардери кои за првпат полетале пред точно 7 децении, во април 1952. Го носат прекарот летечки тврдини бидејќи се опремени со големо количество бомби и повеќе митралески позиции за одбрана од други авиони-ловци.
Боинг ги произведувал до 1966-та и за американската армија произвел вкупно 744, од кои сега се активни 58, а дополнителни 30 бомбардери се во резерва или се складирани. Авионот го управува 5 член екипаж, а во минатото имало и дополнителни 6-до 6 членови на екипажот кои ги активирале бомбите и митралезите.
Б-52 кога е празен тежи над 84 тони, додека максималната дозволена тежина за полетување му е над 220 тони. Разликата во тежината е затоа што може да понесе 31, 5 тон бомби, а резервоарот му собира до 181 илјада литри гориво.

Должината на летечките тврдини е околу 48,5 метри, со распон на крилјата од 56,4 метри. Летаат на висина до 15 илјади метри. Еден авион чини 84 милиони долари, иако годишно се трошат дополнителни неколку милиони долари за одржување и ремонти на преостанатите бомбардери во составот на американската воена авијација.
Биле употребувани во сите американски интервенции од 1955-та година од кога се во активна служба. На почeтокот до средината на 60-тите години од минатиот век, многу често Б-52 се користел за вежби со нуклеарни боеви глави, а овој тип на авиони има учествувано во 4 авионски несреќи додека летал со нуклеарно оружје.
Во овие „нуклеарни“ несреќи на Б 52 имало десетина загинати, но не се случило најлошото и не било активирано нуклеарното оружје. Оттогаш Б 52 не се користи како стратешки авион со нуклеарно вооружување..

Б 52 не надлетуваат прв пат над Балканот, бидејќи САД ги употреби овие авиони во интервенцијата на НАТО во Србија 1999-тата година.