Американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/03/fed-jerom-powel.jpg)
Претседателот на американската централна банка Џером Пауел потврди во својот редовен полугодишен извештај до Конгресот на САД дека банката нема да брза со намалување на каматните стапки.
„Нашиот став сега е значително помалку рестриктивен отколку што беше, а економијата останува силна, така што не треба да брзаме со прилагодување на каматните стапки“, истакна Пауел.
Претседателот на ФЕД додаде дека пребрзото или преголемото намалување на каматните стапки може да го попречи напредокот на инфлацијата, додека пребавното или премалото намалување на стапките може да ја ослабне економската активност и вработеноста.
Тој изјави дека Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) ќе ги земе предвид дојдовните податоци, изгледите и билансот на ризиците при одлучувањето за каматните стапки.
„Економијата е генерално силна и постигна значителен напредок кон нашите цели во изминатите две години. Условите на пазарот на труд се заладија од нивната претходна „прегреана“ состојба и остануваат солидни. „Инфлацијата е многу блиску до нашата долгорочна цел од 2 отсто, иако и понатаму е нешто покачена“, рече Џером Пауел, според соопштението на веб-страницата на американската централна банка, пренесува Танјуг.