Американката Ледеки исплива нов светски рекорд на 800 метри

Американската пливачка Кејти Ледеки постави нов светски рекорд на 800 метри слободен стил на митингот во Форд Лодердејл, објавија денеска американските медиуми.
Ледецки постигнала резултат од осум минути, четири секунди и 12 стотинки од секундата. Таа го подобрила сопствениот светски рекорд (8:04,79) за 67 стотинки од секундата, што го постигна во август 2016 година на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Американската пливачка Гречен Волш, пак го собори светскиот рекорд на 100 метри пеперутка двапати во ист ден на натпреварувањето во Форт Лодердејл.